Додик: Не се откажавме од референдум за независност

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека имаат право на референдум за својот статус во БиХ и дека тоа ќе биде реализирано кога за тоа ќе биде постигнат консензус.
– Ние кажавме дека тоа не е тема за овој момент, но во секој случај, не се откажуваме. Доколку во БиХ нема дијалог и доколку БиХ не се редефинира во смисла на уставното уредување какво што е сега, немаме ниту една причина да останеме дел од БиХ, рече Додик.
Претседателот на Република Српска рече дека не е точна констатацијата на високиот претставник во Бих, Валентин Инцкo во извештајот на Советот за безбедност, дека откако му се воведени санцкии од САД, намалил со повиците за независност на Република Српски и распад на БиХ.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели