Димовски на Министерска конференција на Франкофонијата во Париз

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, учествуваше на 34-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, која се одржа на 25 и 26 ноември 2017 година во Париз, информираат од МНР.
Во своето обраќање Димовски информирал за приоритетите на Владата на Република Македонија во однос на темата на овогодишната конференција “Новите економии како двигатели на развојот, социјалната инклузија и одржливиот развој”, со посебен акцент на предизвиците поврзани со климатските промени. Истакнал дека со неодамнешното ратификување на Парискиот Договор во македонското Собрание се создадени можности за натамошен ангажман на Македонија во насока на справување со климатските промени, имплементирање на политиките за одржлив развој и поддршка на “зелените” економии.
За време на конференцијата Димовски учествувал и на затворена сесија на која биле разменети мислења за политичката и безбедносната ситуација во земјите од франкофонскиот простор, со посебен акцент на миграциите и тероризмот.
На маргините на Конференцијата. Државниот секретар на МНР остварил средба со државниот секретар во француското Министерството за надворешни работи, Жан Батист Лемоен со кој разговарале за можностите за засилена поддршка од Француската Република на нашата земја, во остварување на стратешките приоритети за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели