„Џенерал електрик“ укинува 12.000 работни места

Американскиот конгломерат „Џенерал електрик“ ќе укине 12.000 работни места. Ваквиот потег следува по одлуката за намалување на трошоците, а се проценува дека со ова ќе бидат заштедени една милијарда американски долари во текот на следната година.
„Џенерал електрик“ минатиот месец најави дека ќе ја преполови дивидендата и дека ќе го намали својот фокус на три клучни сектори – авијација, здравствена заштита и енергетика.
Компанијата најави и дека ќе продаде акции вредни 20 милијарди долари во текот на следните неколку години.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели