Џафери: Основоположникот на Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност и мудрост

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го честита големиот христијански празник Св. Климент Охридски.
„Основоположникот на Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности. Создавањето на кирилицата и ширењето на писменоста е светол пример на чување и унапредување на наследството за сите народи. Чествувањето на секој празник е добра можност да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање како и да си посакаме мир и благосостојба“, вели Џафери во честитката.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели