Џафери до Адеми и Манојловски: Седнете на кафе во Тетово, па таму разговарајте за случувањата во Тетово

По долгата расправа во собраниската сала помеѓу пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски дали има доволен број на македонци функционери во Тетово, претседателот на Собранието, Талат Џафери, со исклулување на микрофонот им ја прекина дебатата при што им порача да седнат на кафе во Тетово па таму да расправаат за овие прашања.
Горан Манојловски во својот говор за Законот за употреба на јазиците рече дека ова законско решение не е спроведливо, нема да го разбие јазот меѓу Македонците и Албанците и дека уште повеќе ќе побуди чувства на недоверба и страв кај граѓаните од двете етнички заедници.
-Ќе ви набројам неколку негативни случаи во Тетово за практикување на власта и непочитување на чувствата кај сите. Во локалната самоуправа имаме три јавни претпријатија, а нема ниту еден Македонец. На 31 раководна позиција нема ниту еден Македонец, 6 средни училишта, а нема ниту еден директор Македонец. Ако говориме за градење доверба, ова не покажува дека ја немаме во пракса. За празникот 8 Септември нема никаква активност во Тетово, рече Манојловски.
Џеват Адеми реплицираше на овие обвинувања на Манојловски при што го негираше сето она што го кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ односно дека во општина Тетово нема доволен број функционери Македонци на клучни позиции.
– Мене не ми претставува никаков проблем јазикот да ни биде средство за разбирање. Мојот македонски е многу подобар од неговиот албански, а и двајцата сме од Тетово. Да се зборува за чувства е многу субјективно. Не е точно дека нема Македонци на клучни позиции.Директорот на средното медицинско училиште е Македонец, на спортската гимназија, на економското училиште исто така е Македонец, но беше сменет затоа што нè нападна на 27 април, рече Адеми.
Виктор Јованов

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели