Десетици летови откажани поради вулканска ерупција на островот Бали

Илјадници туристи останаа блокирани на индонезискиот остров Бали, откако десетици летови беа откажани поради ерупција на вулканот Агунг.
Портпаролот на островскиот аеродром изјави дека откажани биле најмалку 28 летови, при што на аеродромот останале заробени околу 2.000 патници, од кои повеќето се туристи од Австралија.
Претходно оваа седмица, вулканот избувна за прв пат во последните 50 години. Локалните власти велат дека нема опасност за туристите на Бали, освен за оние во област во радиус од 7,5 километри околу вулканот.
Повеќе од 140.000 лица ги напуштиле своите домови.
Во последна ерупција што се случи во 1963 година загинаа речиси 1.600 луѓе.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели