Десетгодишно момче почина на брод со мигранти кај островот Лесбос

Десетгодишно момче од Авганистан почина на преполн брод во близина на грчкиот остров Лезбос, објавија агенциите.
На бродот имало 66 имигранти кои започнале да паничат кога ја здогледале европската гранична полиција Фронтекс, стравувајќи дека ќе бидат вратени во Турција.
Момчето било на бродот заедно со неговите родители и неговите две помлади сестри. Кога мајката сфатила дека нејзиниот син го загубил животот во хаосот, таа се обидела да се самоубие со скокање во водата, но била спасена од страна на граничната полиција.
И покрај договорот ЕУ-Турција потпишан во 2016 година за намалување на миграциските текови во Грција, мигрантите и бегалците продолжуваат да пристигнуваат на грчкиот брег. Деветгодишно девојче почина во септември.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели