Ден на жалост во Турција поради крвопролевањето во Египет

Во знак на солидарност со Египет и во чест на жртвите од терористичкиот напад на џамија во Синај, утрешниот ден во Турција ќе биде прогласен за Ден на жалост.
Националното знаме на Турција ќе биде поставено на половина копје и во земјата и во дипломатските претставништва во странство.
Во нападот во џамијата во Египет загинаа 305 лица, меѓу кои 27 деца.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели