Дел од село Дебреше ќе добие фекална канализација, инвестицијата е вредна 4,5 милиони денари

Јавното претпријатие „Комуналец” започна со изградба на канализација за отпадни води за дел од село Дебреше во износ од 4,5 милиони денари.
Директорот на ова претпријатие информираше дека сите блокади за започнување на градежните работи се елиминирани и се прават максимални напори за градежните работи да се реализираат според планираната динамика.
„Започнавме со реализација на градежните работи за изградба на фекална канализација за дел од село Дебреше. Канализационата линија што треба да се изгради е во должина од 800 метри. Проектот се финансира од Министерството за екологија во вредност од 4,5 милиони денари“,  истакна директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами.
Градежните работи се очекува завршат во рок од 15 дена.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели