Бројот на жртви во нападот на џамијата во Египет достигна 305 лица

Бројот на жртви во нападот во Египет, достигна 305 лица. Според локалните власти, меѓу жртвите има 27 деца.
Во меѓувреме, во Египет од денеска започна тродневна жалост во помен на жртвите на нападот. Претседателот Абдел Фатах Сиси вети дека ќе одговори со брутална сила за најсмртоносниот напад на светот, по нападите на 11 септември во САД.
Претходно, беше објавено дека борбените авиони на Египетската армија ги фатиле екстремистите на полуостровот Синај. Локалните медиуми објавија дека биле ликвидирани 30 екстремисти.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели