Божиќни подароци од митрополитот г.Петар за децата во Домот за доенчиња во Битола

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар по утринската Божиќна богослужба што се одржа во храмот „Св. великомаченик Димитриј“, ги посети децата во Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

Според долгогодишната традиција, митрополитот г. Петар на дечињата во таа установа им даде божиќни подароци и им го честиташе големиот празник.

– Продолжува нашата традиционална божиќна посета на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Нашата желба е овој радосен празник, Божик да го одбележиме со децата, да го споделиме со дечињата во оваа установа. Посакувам Господ да им дава напредок на овие дечиња во нивниот телесен раст и во нивното духовно напредување, истакна г. Петар.

Во моментов во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола згрижени се повеќе од 60 деца кои денеска добија божиќни подароци, потврди директорката Соња Илијевска.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели