Бочварски-Боев: Тесна соработка за најразлични проекти

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев на денешната прва средба разговараа за идната соработка, како и за локацијата каде што треба да се постави станицата за мерење на квалитетот на воздухот.
– Ние се договоривме дека ќе имаме тесна соработка за најразлични проекти и еве веќе денеска разговаравме за поставување на мерач на воздух кој е проект на УГД, а ние како општина Штип треба да најдеме локација за тоа. Ова е само почеток на соработката, тука влегува и можноста за соработка и комуникација со професори од Универзитетот, кои ќе бидат во функција на настани организирани од општина Штип, рече Бочварски.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели