Без вода утре и задутре делови од Шуто Оризари и Визбегово

Поради акција за санирање улични водоводни дефекти, денеска и утре прекинато водоснабдување ќе имаат жители на дел од населбите Шуто Оризари и Визбегово.
Прекинато водоснабдување од 8 часот до завршување на работите ќе имаат жителите на улиците Брсјачка буна, Нов живот, Пелагонија, Бутелски венец и булеварот Македонско-косовска бригада, крак 19 во населба Шуто Оризари и дел од населбата Визбегово.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели