Бесмислени работи кои докторите им ги препорачувале на бремените жени во минатото

Без оглед дали е прво, второ или трето дете, секоја бремена жена во текот на тие девет месеци го замислува денот кога ќе може да го земе во раце своето дете.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-01

Сите тие месеци најчесто поминуваат во уредување на собата за новиот член, купување облека и сè што е потребно за него, но и во неизвесност за тоа дали е сè во ред со бебето.

Во минатото, кога медицината не била толку напредна, луѓето верувале дека бремените жени треба да прават одредени нешта со цел да родат здраво дете.

Некои од нив се толку чудни и бизарни, што навистина ќе ве натераат да се запрашате како воопшто можеле да помислат нешто такво.

Ова се само дел од работите што докторите ги советувале да ги прават:

1. Да носат корсети

Пред многу години, корсетите биле главниот женски „сојузник“ за добивање витка фигура. Сепак, она што е чудно е зошто истото се препорачувало и за бремените жени?

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-01

2. Да пушат цигари

Ако денес лекарите го забрануваат пушењето цигари воопшто, а особено за време на бременоста, некогаш тоа било препорачувано како начин за бебето да не ја зголемува прекумерно тежината, а мајката да има правилно движење на цревата.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-02

3. Вдишување хлороформ

Долго пред појавата на епидуралната анестезија, хлороформот или етерот биле „совршено здрава“ опција за анестезија.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-03

4. Гледање во нешто убаво

Според старите легенди, фокусирањето на нешто убаво во текот на бременоста или за време на самото породување, било предуслов за раѓање убаво бебе.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-04

5. Пиење

Порано, докторите го препорачувале црвеното вино како совршен пијалак кој може да се консумира во бременоста. Со текот на годините, тие го промениле мислењето и сметале дека иако мала количина алкохол нема да му наштети на бебето, сепак е најдобро мајката да се воздржува од тоа.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-05

6. Да мируваат

Докторите во минатото ги советувале бремените жени дека возењето со автомобил е навистина опасно заради тресењето, па токму затоа, доколку требало да одат некаде, најдобро било да одат со воз.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-06

7. Да ја игнорираат желбата за храна

Секој организам реагира различно на самата бременост, па токму затоа, придржувањето до здравата храна е она кое им се препорачува на идните мајки. Сепак, во минатото тие биле советувани да јадат помалку, само заради естетскиот изглед, а не заради нивното и здравјето на бебето.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-07

8. Да избегнуваат сончева светлина

Секако, прекумерното изложување на сонце е штетно за секого, но во минатото бремените жени биле уверувани дека излегувањето на сонце може да го „спржи“ бебето.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-08

9. Да избегнуваат секс

Иако денешните доктори немаат ништо против, некогаш сексот бил строго забранет за време на бременоста.

Besmisleni-raboti-koi-doktorite-im-gi-preporacuvale-na-bremenite-zeni-vo-minatoto-09

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели