Берлускони: Ако победи мојата партија, премиер ќе биде карабинер

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони најави дека доколку неговиот блок на десниот центар победи на националните избори, закажани за почетокот на 2018 година, нов премиер би можел да биде карабинерот Леонардо Галители, кој е генерал на воената полиција.
„Имам многу имиња, но постои некој кој е многу способен…кој имал успеси и кого сите го ценат – генералот Галители“ рекол Берлускони во синоќешната емисија на државната телевизија РАИ.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели