Бечев: Балканот и Македонија не се приоритет за Москва

Балканот и Македонија не се приоритет за Москва. Но, овој регион секогаш се одликувал со нестабилност и претставува слаба точка во евроатлантскиот безбедносен систем, а Русија тоа го користи и реализира некаков притисок, вели Димитар Бечев, експерт за Русија, истражувач во Центарот за словенски и евроазиски студии на Универзитетот во Северна Каролина, и соработник во Атлантскиот совет во Вашингтон.
– Од друга страна, Москва смета дека Запад се меша во нејзината сфера на влјание, во земји како Молдавија, Грузија и Украина, и нејзините акции на Балканот се одговор на зголемената улога на западните центри во овие земји. Меѓутоа, Москва нема некоја долгорочна стратегија во регионот и само ја користи слабоста на Западот, прави проблем на западните фактори и спречува проширување на евроатланстките институции. За Русија, Балканот не е некој приоритет и Москва овде не вложува такви средства како во Украина или во Сирија на пример. Но, од друга страна, во овие земји многу полесно може да влијае бидејќи антизападното расположение овде е многу поизразено, вели Бечев.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели