Бачев: Заштитникот Свети Климент Охридски нѐ обврзува на семакедонско единство

Претседателот на Народното движење за Македонија (НДМ), Јанко Бачев, од свое лично име и од името на партијата упати честитка до македонскиот народ и до македонска православна Црква по повод, како нагласува, денот на најголемиот ученик на светите Кирил и Методиј – големиот народен светител и просветител, Свети Климент Охридски.
„На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени сите во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, култура, историја и воопшто македонската земја од каде потекнува писменоста на човештвото, за што немерлива е улогата и на Свети Климент Охридски со основањето на Првиот словенски универзитет во Охрид во 886 година“, наведува Бачев во честитката.
Според претседателот на НДМ, неопходно е надминување на националната и духовна поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква внатрешна и надворешна закана на која, како што се наведува во честитката, не обврзува свети Климент Охридски заштитникот на македонскиот народ.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели