Австриска министерка ќе потроши 10 евра на првото службено патување

Првото патување на новата австриска министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел, ќе ја чини државата 10 евра. Таа ќе патува во Словачка со воз.

„Ќе патувам со железничката линија REX што чини 10 евра. Со тој воз досега секој ден патував од Граматнојзидл до Виена, заедно со словачките болничарки и студенти“, рекла таа.

Освен неа, штедлив е и канцеларот Себастијан Курц кој најави дека ќе продолжи да патува во економска класа, како и додека бил министер.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели