Арсовска – Капур: Потенцијал за пласман на македонски производи на индискиот пазар

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Индија за Република Македонија, Пооџа Капур, во чијшто рамки беше потпишан меморандум за соработка со  Балканско индиската бизнис асоцијација (БИБА) која делува во насока на проширување и развивање на економската соработка меѓу балканските земји и Индија.
„Зајакнување на економските врски, продлабочување на економската соработка како и  унапредување на трговската размена меѓу државите за искористување на потенцијалот на индискиот пазар за македонските компании се нашите заложби за следниот период“, истакна Арсовска и додаде дека Меморандумот за соработка се очекува да обезбеди деловна комуникација, да поттикне иницијативи за заеднички учество на конференции, симпозиуми како и актуелна размена на податоци  во насока на подобрување на деловните односи.
Индија, во последните години бележи значителен економски раст. Во 2016 година вкупната трговска размена меѓу двете земји изнесувала 58,4 милиони евра, од кои извоз 17,4 милиони евра, а увоз 41 милиони евра.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели