Апелација одлучува дали снимките од Јутјуб да бидат доказ во случајот „Поткуп“

Дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“ денеска треба да одлучи Апелацискиот суд Скопје. Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели