АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

Од Автомото сојузот на Македонија известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели