Американската пејачка Сара Ароесте утре во Битола

На иницијатива на неколку граѓански здруженија утре во Битола свој концерт ќе одржи Сара Ароесте .Ова беше најавено на денешната шрес конференција . Сара е позната американска ладино пејачка со Еврејско потекло од Битола. На Сара ќе и се исполни желбата да дојди во Битола и да одржи целовечерен концерт, во градот од каде што потекнува нејзиното семејство , изјави Зоран димовски директор на Центарот за култура во Битола.

Битолчанецот Владо Стојанов , еден од организаторите на настанот, вели дека Сара гостувала на многу места во светот, исполнувајќи поп, рок, џез и ладино музика. Од нејзиниот дедо многу слушала за Битола и животна желба и е да ја посети семејната куќа на семејството Ароесте кое живеело во зградата каде што сега се наоѓа синдикатот на Широкј Сокак.

Во рамките на овој настан гостинката ќе презентира фотографии, видео материјали и спомени за нејзиното семејство и Битола, а воедно ќе интерпретира познати ладино песни од нејзиниот репертоар.
Концертот е закажан за утревечер со почеток од 20 часот, на иницијатива на Владо Стојанов, подржан од здружението АРХАМ здружение кое интензивно работи на проектот за реставрација на Еврејските гробишта и изградба на Меморијален комплекс, како и Фестивалот Локум фест кој ја негува културата и традицијата.
Семејното стебло на Сара е огромно, а во Битола има дури и улица на првоборецот Арон Ароести.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели