Алијанса на Албанците ќе носи одлуки по средбата на Села и Заев

До крајот на неделата ќе се знае дали Алијансата ќе остане дел од владата. Партиски извори за Сител велат дека тогаш ќе почнат разговорите меѓу Села и Заев по кои партијата ќе донесе одлука за следните чекори. 
Од Алијансата се уште без конкретен одговор дали ќе го задржат ресорот здравство или пак доколку останат во Владата ќе побараат ново министерство. Токму оваа позиција остана празна на Илинденска откако Таравари стана градоначалник на Гостивар. Покрај него, од Владата во локалната власт се пресели и Рамиз Мерко кој претходно држеше министерска фотелја без ресор. 
Дел од медиумите блиски до Владата пишуваат дека постои можност ДУИ да се префрли во здравство, додека фотелјата на Мерко да остане празна и владата да го намали бројот на министри во кабинетот на Заев.
Премиерот Заев минатата недела кога последен пат ја коментираше оваа тема им порача на коалициските партнери да си ја оладат главата.. 
 
Локалните избори и коалицијата на БЕСА и алијансата предизвикаат серија турбуленции на Илинденска. ДУИ не крие дека очекува да го види села во опозиција, а Заев ја остави отворена можноста ДПА да влезе во владата. 
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Алијанса на Албанците ќе носи одлуки по средбата на Села и Заев Категорија: МакедонијаНовинар: Александар Спасовски

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели