АХВ: На бразилска компанија која извезувала месо во Македонија ѝ е одземена лиценцата

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека на компанијата „Сеара Алиментос ЛТДА“ од Бразил, која извезува месо и во Република Македонија ѝ е одземена лиценцата за извоз.

Од АХВ наведуваат дека компанијата е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од оваа земја.

„Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз“, велат од АХВ.

Од таму додаваат дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава.

„Увозот не месо во Република Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста“, велат од АХВ.

Во април минатата година на граничниот премин Ќафасан беа запленети 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил кое беше уништено на депонијата во Струга.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели