9 работи кои не смее да ги правите на празен стомак

Сите знаеме дека во текот на денот стомакот секогаш мора да ни е сит, меѓутоа сакајќи да ја „одржиме линијата“, сите толерираме глад со часови.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-001.jpg

Ако веќе сте решени дека ќе го игнорирате чувството за глад, барем не ги правете овие 9 работи на празен стомак.

Не пијте апчиња

Било кое апче како аспирин, парацетамол, не се пие на гладно. Подобро е да испиете шолја млеко, бидејќи тоа ги намалува штетните последици.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-01.jpg

Не пијте кафе

Дури и кафето без кофеин поттикнува киселини во стомакот кои може да предизвикаат потешкотии во дигестивниот тракт. Ако сепак не можете да се одвикнете од кафе на гладно, пијте го со малку млеко. Млечните масти го разбиваат негативниот ефект.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-02.jpg

Не пијте алкохол

Апсорпцијата на алкохолот на празен стомак се зголемува за двапати, што може да доведе до побрзо пијанство. Секогаш јадете пред да излезете.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-03.jpg

Не џвакајте гума за џвакање

Состојките во нив може да ви наштетат на желудникот, па дури и да доведат до гастритис. Избегнувајте џвакање гуми подолго од 10 минути.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-04.jpg

Не си легнувајте да спиете

Чувството на глад може да предизвика несоница и рано будење. А, недостатокот на сон го појачува чувството на глад и така во круг. Пред да легнете на спиење испијте една чаша млеко со мед.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-05.jpg

Не тренирајте гладни

Мускулите не можат да го издржат притисокот кога се слаби и ненахранети.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-06.jpg

Не купувајте

Гладните луѓе се склони на импулсивно трошење и купување на работи кои реално не им требаат.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-07.jpg

Не пијте свежо цедени сокови од цитрусни овошја

Сокот од портокал или лимон е здрав, сè додека не го пиете на гладен стомак. Задолжително разредете го со вода за да не го иритирате желудникот.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-08.jpg

Не дискутирајте на важни теми

Кога сте гладни сте нервозни и раздразливи, и тоа веќе сигурно го знаете. Затоа, пред да седнете и да разговарате за важни теми, сварете топол пијалак како чај или засладено млеко. Ова ќе ви помогне да бидете попријателски расположени.

9-raboti-koi-ne-smee-da-gi-pravite-na-prazen-stomak-09.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели