37-годишна скопјанка претепана од сопругот

Љубоморен маж во спиење со тупаници ја претепал сопругата, обвинуваќи ја за наводна љубовна врска. Поради сериозноста на повредите, жената побарала медицинска помош.
Како што соопшти МВР утрово во 3:50 часот А.Д.(37) од Скопје, пријавила дека истиот ден 30 минути по полноќ додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг А.Д.(41), обвинувајќи ја за наводна љубовна врска се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници по главата и телото.
Откако жената успеала да се ослободи од сопругот си заминала кај нејзините родители, а потоа и пријавила во полиција. Бидејќи оштетената не се чувствувала добро побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Пријавителката посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели