10 знаци дека сте во врска која ќе трае до крајот на животот

На почетокот на љубовните врски, постои некое убаво чувство заради кое мислите дека таа ќе трае засекогаш.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-01.jpg

Но многупати се случува подоцна да се разочарате и да се вратите во реалноста, за жал или за среќа.

Сепак, постојат некои фактори кои позитивно влијаат на врските и според кои може да се верува дека тие се „материјал за цел живот“.

Секако доколку нема други неочекувани околности кои ќе го попречат тоа, но оние парови кои ќе се пронајдат во овие знаци, може да бидат речиси сигурни дека врската ќе им трае засекогаш:

Еднакво социјално ниво

На почетокот на врската, таквите разлики не се толку евидентни, но замислете како би било понатаму ако вашиот партнер е различно воспитан од вас, има спротивен став од вашиот за многу работи, меѓу кои и наједноставни и не ве разбира за ништо.

Секако, ако луѓето сакаат да бидат заедно, ќе се прилагодат, но многу е подобро кога се наоѓате на исто или барем слично ниво.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-02.jpg

Имате слична смисла за хумор

Совршено е кога се разбирате без никакви проблеми и ги сфаќате шегите на партнерот без да се лутите и обратно. Понекогаш хуморот и смеењето се најважното нешто што секогаш ја спасува и одржува врската.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-03.jpg

Еднаков став за воспитување на деца

Малку го убрзавме процесот, но ако двајца луѓе одлучат дека сакаат да имаат заеднички деца, тоа значи дека врската оди во добра и сигурна насока. Но, освен што се согласувате дека сакате дете, многу е важно да се согласите и за други работи на таа тема.

Како на пример, колку деца и како би ги воспитувале, бидејќи може да настане сериозен проблем ако немате исти мислења за една од овие 2 работи.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-04.jpg

Солидарност за финансии

Многу е тешко да се најде заеднички јазик помеѓу некој кој е научен да се расфрла со пари и некој кој е многу одговорен на таа тема и е научен да го брои секој денар.

Затоа е важно да имате изедначени ставови кога станува збор за финансиите, а доколку ги почитувате истите вредности, тогаш сте успеале да постигнете одличен резултат.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-05.jpg

Имате исти животни навики

Пред да стапите во брак, многу е важно да живеете заедно барем 1 месец за да видите дали си одговарате еден со друг во секојдневните навики. Ако вие сте уредни, а партнерот живее во хаос, ќе биде многу тешко да се справите со константните кавги за нередот.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-06.jpg

Вашите интимни потреби се усогласени

Едно е сигурно јасно – ако вашите потреби за интимност не се поклопуваат, тешко дека ќе бидете задоволни и дека тоа ќе трае засекогаш. Доколку сте на почеток, почекајте да помине почетната еуфорија, па видите дали понатаму работите ќе бидат какви што очекувате.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-07.jpg

Имате исти или слични приоритети

Тешко е да се согласувате со луѓе кои имаат различни приоритети од вашите во животот. Ако девојката сака да се посвети на себеси и на домот, а момчето не сака да биде единствен кој ќе заработува, мора да се најде компромис.

А, доколку не може да се постигне компромис, тогаш почнуваат проблемите.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-08.jpg

Двајцата сте зрели за заедничка иднина

Ако вие сте созреани за да создадете семејство, а партнерот постојано го одолговлекува процесот, тоа може да биде многу фрустрирачко. Многу е важно уште на почетокот да се увидат приоритетите на партнерот и да видите дали го сакате истото од врската.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-09.jpg

Сакате да поминувате време заедно

Многу е важно, ако долго време сте во врска, да не исчезне хемијата помеѓу вас и желбата да бидете заедно. Доколку сакате да поминувате време заедно без разлика дали се работи за кино, прошетка, ручек надвор, патување или вечер помината дома – најважно е да се чувствувате удобно во заедничкото присуство.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-10.jpg

Немате потреба да се менувате еден со друг

Доколку сте во врска со човек чиј карактер не ви се допаѓа многу, но се стремите да го промените, тоа не е добар знак. Треба да се сакате такви какви што се, а не да го поминете животот менувајќи се и на крај да се разочарате.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-koja-kje-trae-do-kraj-na-zhivotot-11.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели