Жерновски: Организаторите треба да одговараат, насилството во Центар никогаш да не се повтори

„ Го раскажав она што го доживеав при упадот во општината. Се надевам дека организаторите ќе одговараат за тоа што го сторија и да не се случи ова никогаш повеќе“, рече поранешниот градоначалник Андреј Жерновски на судењето за насилството во општина Центар.
Тој претходно општино одговараше на прашањата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи за тоа што се случувало во 2013 година, на седницата на советот на која што се случи упад во општина Центар. Според Ѓерновцски на седницата требало да се поништат тогашните ДУП-ови, односно идејата била да се поништат градбите кои не се започнати. Фетаи праша дали тука влегувала и изградбата на црквата св. Константин и Елена, на што тој одговори потврдно.
Фетаи го праша Жерновски чии интетеси биле загрозени со поништување на ДУП- овите, а на прашањето реагираше адвокатот Дончо Наков, бидејќи со прашањето ќе се добиел субјективен одговор, нешто што не видел и чул, без притоа да бидат предочени факти за основаност. По него, приговор имаше и адвокатот Димитар Дангов, кој рече дека прашањето е наведувачко и во оваа фаза од постапката тоа не било дозволено. „Барам мислење од сведокот, а тоа мислење е за нешто што можеби чул или видел, а во однос на забелешките на колегата Дангов можам да го посоветувам малку подетално да прочита за начинот на испитување на сведокот”, рече Фетаи.
Адвокатот Дончо Наков се согласи со прашањето на Фетаи по нејзиното образложение, но судот не го дозволи прашањето, бидејќи според нив одговорот на сведокот би бил субјективен. Фетаи продолжи со распитот и го праша Жерновски кои градби би биле опфатени и поништени. „Посебен акцент беше ставен на малиот ринг, бидејќи таму беше планиран планиран проектот Скопје 2014″, рече Жерновски. Тој додаде дека невладината организација „Деритас” реагирала наводно поради тоа што ДУП- овите ќе го спречеле градењето на црквата Св. Константин и Елена, иако тој уште на почеток на седницата, кажал дека со поништување на ДУП-овите нема да се спречат градбите кои се започнати.
„Невладината организација „Деритас” не постои и не е запишана во Централниот регистар, ова го констатиравме при пријавата во МВР. Бидејќи беше јасно какво е сценариото, дека отворен повик за протест, дека се манипулира со граѓани, притоа дека протестите ќе се одржат пред општината, го информиравме МВР“, додаде тој.
Жерновски рече дека пред започнување на протестот се собрале граѓани пред бараката на градоначалникот извикувајќи погрдни зборови, сакајќи да го спречат почетокот на седницата. Тие извикувале : „комуњари излезете надвор, анти- фашисти”, „вие ќе рушите црква”. „Во моментите кога се собраа граѓаните имаше викање со обид да се спречи започнување на одржување на седницата и да се мобилизира повеќе народ. По започнување на седницата, граѓаните почнаа со лупање по прозорите, по што ги отворија прозорците“, рече Жерновски.
По низата приговори од страна на странките обвинети за „Шамарите во Центар“ и прашањата на адвокатот Дангов дали има визуелно и тонско снимање, судијката Татјана Михајлова рече дека има и ќе повтори уште 100 пати, а дека судот располага со опремата што тој ја гледа, а не со она што тој го гледал во американските филмови.
Во однос на однесувањето на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски рече дека тие со низа  процедурални забелешки и интервенции се обидувале да го спречат започнувањето на седницата и тоа траело подолг период. Жерновски кажа дека седницата траела до 18.30 часот и била прекината затоа што не постоеле услови за одржување и се обиделе да спречат поголем инцидент, а била јасна намерата на граѓаните кои упаднале.
„Седницата беше презакажана за понеделник, а за време на викендот се обидов да и објаснам на јавноста дека немаме намера да го спречиме градењето на црквата, со тоа да се спречат манипулациите. Сценариото беше дупло полошо. Имаше повеќе граѓани пред бараките на општината, буквално од страната кај што седат советниците на СДСМ беа фрлани тврди предмети. За разлика од првиот напад во петокот, во понеделникот МВР не реагираше, па граѓаните лесно доаѓаа до бараките и го загрозуваа нашиот живот. Ги прашав некои од полицајците зошто не реагираат тие ми вратија со цинична насмевка”, рече Жерновски одговарајќи на прашање од обвинителката Фетаи.
Жерновски во својство на сведок, рече дека протестите биле насилни и при едно од многуте кршења на прозороци, парче летнало кон една советничка. „Бараките се тесни, па лесно се слушаат и забележуваат комуникациите. Беше очигледно дека постои комуникација помеѓу советниците на ВМРО и граѓаните кои се однесуваа насилнички пред општината. И кога се создадоа минимум услови за почеток на седницата, протеситите се интезивираа. Рангелова побара од мене да излезам надвор и да се соочам со граѓаните, а целта беше јасна”, рече Жерновски.
Фетаи праша како се смирила ситуацијата, а Жерновски рече дека состојбата била крајно критична бидејќи граѓаните немале намера да се повлечат, а специјалните единици од МВР не реагирале. „Веста за насилничкото однесување и инцидентите беше веќе објавено во медиумите, а кај мене во канцеларија пристигнаа амбасадори, претставници на ОБСЕ и тн. Убеден сум дека инцидентите ќе продолжеа, ако тие не контактираа преку свои канали и не повикаа на престанување на ситуацијата. Ние бевме спречени да излеземе од бараката. Имаше чувство на страв и несигурност, загрозени беа нашите животи. Настанот беше пријавен во МВР. И покрај тоа што покажував фотографии од напаѓачите на кои беа и видни луѓе од ВМРО ДПМНЕ, МВР не реагираше“, рече тој.
По одговорот на Жерновски, Фетаи праша дали тој знае од кои општини биле демонстрантите. „Во принцип ги знаеме нашите сограѓани. Меѓу демонстрантите најмалку имаше жители на општина Центар. Покажав и записник од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Центар каде се разговарало за мобилизација на членството за да дојдат пред општина Центар. Еден од тие го препознавав, а беше во судницата на претходните рочишта. Тој бил и на други протести на ВМРО ДПМНЕ и е еден од најжестоките. Тој наместо „анти- христ” ме нарече „анти – фашист” што не го сметам за навреда”, рече Жерновски, кој всушност алудираше на Димче Христов Жабата од Прилеп. Жерновски препозна уште еден од напаѓачите обвинети за шамарите во Центар, кој како што го опиша се сликал со видни луѓе на високи функции, вклучувајќи го и претседателот Ѓорге Иванов.
На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот, Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во 2013 година.

К. Ландов

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

Сподели