Земјотрес од 3,5 степени во Грција

Во регионот Лариса, во централна Грција, денеска беше регистриран послаб земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Потресот бил забележан во областа Тирнавос, во околу осум часот по локално време, пренесуваат грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри северозападно од Лариса, на длабочина од пет километри.

Сподели