Земјата е се позагадена со вештачка светлина

 Планетата Земја се повеќе е изложена на вештачка светлина, а посебно со употребата на новата технологија, како што се ЛЕД светилките, се посочува во најновата анализа за растечкото „светлосно загадување“, што може негативно да влијае врз луѓето, животните и растенијата.

– Во периот од 2012 до 2016 година осветлувањето на Земјата е зголемено во квантитет и интензитет за околу два проценти годишно. Вештачкото осветлување е присутно секаде во светот, а во некои подрачја, кои претходно имаа помалку светлина сега е забележан голем скок во осветлувањето, се наведува во истражувањето објавено во списанието „Сајенс адвенсиз“ (Science Advances).

Експертите наведуваат дека ЛЕД светилките кои произведуваат исто количество светлина, но трошат помалку електрична енергија доведе до намалување на трошоците на градовите за улично осветлување, но со тоа се повеќе се осветлени населените места.

Научниците предупредуваат дека светлината во текот на ноќта може да го наруши биолошкиот часовник однодно да доведе до несоница, со што се зголемува опасноста од депресија, дијабетис и рак.

Осветлувањето, исти така, може да го загрози растителниот и животинскиот свет.

извор:инфоплус

Сподели