Здрави домашни плочки кои ќе посакате да ги вкусите веднаш

Празниците се позади нас, а руската салата, кифличките и тортите со кои се прејадовме полека си го земаат данокот.

Zdravi-domasni-plocki-koi-ke-posakate-da-gi-vkusite-vednas-01.jpg

Ако сте од оние кои накачиле неколку килограми плус или пак едноставно сакате здрави слатки нешта, време е за едноставен рецепт, кој не содржи додатен шеќер.

На прв поглед можеби ви изгледа дека има многу состојки, но ве уверуваме дека сите се лесно достапни, постапката е едноставна, а резултатот е повеќе од одличен.

Време е за здрави крцкави домашни плочки!

Потребни состојки:

  • 1 и пол шолја непечени индиски ореви
  • 1/2 шолја непечени бадеми
  • 1 шолја кокос
  • ¼ шолја сусам
  • ¼ шолја зготвена киноа
  • ¼ шолја таан
  • 1 лажичка сол
  • ¼ лажичка цимет
  • 1/2 шолја мед
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 шолја суви гоџи бобинки

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе мало тавче за печење (со димензии околу 20×20 cm) со хартија за печење на дното.

Пропржете ги индиските ореви, бадемите, кокосот, сусамот на нелеплива тава, со повремено мешање на средна температура додека благо не поруменат, или околу 8-12 минути. Оставете ги да се оладат.

Додадете ја мешавината во блендер, заедно со киноата, таанот, циметот и солта и блендирајте на најсилна брзина додека не се добие фина смеса.

Загрејте го медот и кокосовото масло во мало тавче и мешајјте околу една минута. Откако ќе ги тргнете од огнот, додадете го екстрактот од ванила.

Добро измешајте ја течната заедно со тврдата смеса и на крајот додадете ги гоџи бобинките.

Zdravi-domasni-plocki-koi-ke-posakate-da-gi-vkusite-vednas-02.jpg

Убаво натапкајте ја смесата во тавчето со влажни раце и додадете сусам по желба на горниот слој.

Печете додека добро не се заруменат, или околу 25-30 минути.

Откако ќе се олади, исечете на коцки или правоаголници и обидете се да не ги изедете сите одеднаш.

Zdravi-domasni-plocki-koi-ke-posakate-da-gi-vkusite-vednas-03.jpg

Zdravi-domasni-plocki-koi-ke-posakate-da-gi-vkusite-vednas-04.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели