Затворски казни за „инстант разведени“ мажи во Индија

Со новиот нацрт закон во Индија мажите кои ќе се обидат да извршат „инстант развод“ се соочуваат со тригодишна казна затвор.

Според традицијата во Индија доволно е мажите трипати да наведат развод или „талак“ во каков било облик, вклучително електронска пошта или СМС на телефон.

Таа пракса е прогласена за неуставна во август, но официјални лица наведуваат дека и понатаму се случуваат слични ситуации.

Според новиот закон кој се разгледува, предвидени се и парични казни и поддршка за „разведени“ жени.

Во нацрт законот е нагласена забрана за „троен талак“ во согласност со одлуката на Врховниот суд и наведени се правни процедури против таа пракса

Сподели