Заборавете на популарните дестинации, оваа земја ќе ве освои

Тајван е необична дестинација за која многумина не размислуваат кога ќе се одлучат за пат во непознат правец.

 

Од високи планини, преку музеи, па се до фантастична храна, но и уште многу работи кои ќе ве остават без здив, ќе имате прилика да ги видите и доживеете во оваа земја.

Музеј со речиси 700.000 експонати

Националниот музеј во Тајпеј според последните податоци има 696.424 експонати, па доколку ве интересира кинеската историја, овде ќе пронајдете и работи стари и до 8.000 години. Станува збор за еден од најпосетуваните музеи во светот, а за да го разгледате целиот нема да ви бидат потребни часови, туку денови.

Тајванската храна е одлична

Оној што ужива во кинеската храна, сигурно ќе биде воодушевен и од тајванската. Улиците се преполни со штандови на кои можете да купите храна во било кое време. Вистинските гурмани навистина ќе има во што да уживаат овде.

Златен еколошки парк

Во планинскиот град Јингуши се наоѓа Златен еколошки парк во кој посетителите можат да научат повеќе околу историјата за вадење на злато во оваа област. Исто така, овозможена е и прошетка во еден од оригиналните тунели кои ги изградиле копачи, а во музејот можете да се сликате со една од најголемите златни рачки на светот, која тежи 220 килограми.

„Тоалет“ ресторан

Ако се најдете во ресторанот Modern Toilet, ќе ја јадете храната додека сте седнати на WC школката, а масата на кој ќе се наоѓате е всушност када покриена со стакло.

Богата историја

Историјата на Тајван не само што е богата, туку е и фасцинантна. Земјата првично била холандска, па потоа шпанска колонија, а потоа со неа загосподариле Јапонците. На крајот на Втората светска војна паднала под кинеска власт, за после само четири години да се оддели од Кина. Денес е делумно призната држава, а практично е и независна.

Некогашна највисока градба во светот

Пред да биде изградена Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда на светот беше Тајпеј 101 (бројот го означува бројот на катови). И денес во оваа зграда се наоѓа супер – брз лифт кој од најдолу до најгоре ве води за 40 секунди, што и не е чудно во однос на тоа дека се движи со брзина поголема од 60 километри на час.

Планинарење

И покрај релативно малата површина, Тајван е дом на 9 национални паркови. Еден од нив е и Јусухан, а во него се наоѓа и највисокиот врв во земјата. Неговата висина изнесува 3952 метри од површината на земјата, па ако планирате да го искачите, потребно е да сте во добра форма. Покрај Јусухан, постојат уште 100 врвови повисоки од три илјади метри.

Бесплатен интернет

Тајванските власти сфатиле колку технологијата е важна за напредок, па на сите жители им овозможиле бесплатен интернет.

извор: кајгана

Сподели