Врачени меѓународни признанијата на членови на ликовното студио  „Св. Кирил и Методиј“ Битола

 

Националната галерија на ликовното студио Св. „Кирил и Методиј “ во старата битолска чаршија уште еднаш беше центарот на вниманието на младите ликовни амбасадори кои  не само што ја промовираат ликовната уметност туку и Битола како град кој е собиралиште на ногу уметници од целиот свет.

Синоќа се доделија меѓународни награди и признанија на 15 ученици, членови на детското ликовно студио. Станува збор за над 40 медали и други признанија што членовите на студиото ги  освоија минатата година на фестивали надвор од Македонија. Награди се  освоени во Полска, Чешка, Бугарија, Романија, Јапонија, Португалија и Индија.  Меѓу 15 деца добитници на меѓународни признанија за прв пат има и  два ученика од општината Могила – посочи раководителот на студиото  Хаџи Антоновски.

Наградите беа доделени во присуство на министерот за култура Роберт Алаѓозоски,  заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска и раководителот на Студиото Коста Хаџи Антоновски .

Раководителот на студиото Коста Хаџи Антоновски рече дека станува збор за традиционална манифестација, која секоја година се одржува на 25 јануари, денот на раѓањето на Тоше Проески, а оваа година направиле мало поместување во календарот на настани бидејќи го организираат заедно со Министерството за култура.

Наградените не го криеја своето задоволство за добиените признанија

Детската ликовна уметност и понатаму ќе продолжи да се негува и развива од срцето

Сподели