Воено-дипломатскиот турнир во стрелаштво „Скопје 2017“

По повод Денот на ослободување на Скопје „13 Ноември“ денес на стрелиштето „Камник“ во Скопје се одржува Воено-дипломатскиот турнир во стрелаштво „Скопје 2017“ во организација на Министерството за одбрана и Македонската спортска стрелачка федерација.
На турнирот, на кој учествуваат 60 лица, присуствуваат и заменик-министерот Беким Максути, началникот на ГШ, генералот Методија Величковски, генерали во АРМ и други вработени во Министерствотото и во Армијата, членови на спортската федерација и одбранбени аташеа.
-Скопје имало многу тешка историја, повеќе пати било палено и срамнувано со земја, но неговите граѓани секогаш наоѓале сила и мотивација повторно да го изградат и воздигнат, рече државниот секретар Драган Николиќ, на отворањето на турнирот.
Учесниците се натпреваруваат во две дисциплини – пукање со пиштол тип „Чешка Зброевка“, на 25 метри и пукање со автоматска пушка Застава М-70 на 100 метри.

Сподели