Во Ferrari подготвуваат кросовер

Извршниот директор на „Fiat Chrysler Automobiles“, Серџо Маркионе открил што сака да направи со „Ferrari“. Шефот говореше за агенцијата „Блумберг“ во Њујорк, каде што ја посети локалната берза.

Маркионе призна дека „Ferrari“ веќе го развива првиот „SUV“ модел во својата историја, со конечна одлука за неговото лансирање во следните две години. Кросоверот ќе се појави во ограничено издание и ќе биде целосно во стилот на брендот.

„Ние сериозно гледаме на овој проект, но сé уште не сме свесни за тоа дали ќе создаде нерамнотежа помеѓу ексклузивноста и побарувачката за нашите автомобили. Ние сакаме да го прошириме опсегот на модели на „Ferrari“, но тоа не треба да се случува по секоја цена“, смета Маркионе.

Топ менаџерот додаде дека „FCA“ не планира продажба на брендот „Jeep“. Слични пораки се појавија во последно време, тврдејќи дека неколку кинески компании имаат интерес.

„„Jeep“ во моментов е еден од најценетите активи на „Fiat Chrysler Automobiles“ и неговата продажба е сосема неприфатлива“, рече Маркионе.

Извор – http://denar.mk/

Сподели