Во Битола МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА за образование

 

Образованието во Балканскиот регион е на крстопат и науката во спрега со практиката, треба да ги дадат одговорите во кој правец треба да се движат овие значајни општествени процеси. Ова беше речено денеска на дводневната Меѓународна научна конференција во Битола,  на која учествуваат академици, универзитетски професори и наставници од пет држави.

„Образованието  на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“  е темата  на меѓународната научна конференција што денеска започна во Битола . Конференцијата ја организира  МНД Битола  по повод Меѓународниот ден на науката 10 ноември. Научната конференција доаѓа по реализираните низа  домашни и меѓународни активности и на неа земаат учество претставници од 5 земји, информираше д-р доц. Марјан Танушевски претседател на МНД Битола.

 

Организирањето на конференцијата доаѓа по претходни анализи и истражувања за состојбите во образованието во државата и регионот. теориските основи  на нашиот образовен систем поставени се на една солидна основа за да може да се стигнат сите трендови што следат, вели  Д-р Деан Илиев претседател на програмскиот комитет.

 

На Меѓународната научна конференција што ја организира Македонското научно друштво од Битола има над 300 гости, со 107 учесници кои ќе приложат 159 научни трудови. Зборникот од над 700 страни ќе биде доставен до Министерството за образовение, како и до сите регионални универзитети инволвирани во овој мега- образовен проект.

 

Сподели