Во Битола меѓународен проект „Следејќи ги стапките на императорите“

 

 

Во рамки на Еразмус  плус програмата во Битола се реализира проектот „Следејќи ги стапките на императорите“. Во проектот покрај домаќините од гимназијата Таки Даскало вклучени се и претставници од 7 партнерски  училишта од цела Европа. Целта е да се проучува заедничка нишка  од минатото на сите партнерски земји конкретно за Римската империја.

 

Учење настава и обука се активностите што се реализираа во рамки на меѓународниот проект  „Следјќи ги стапките на императорите“ што се реализира во средното општинско училиште Таки Даскало од Битола. Станува збор за меѓународен проект во рамки на Еразмус плус програмата , која е водечка програма на Европската комисија , фокусирана на образованието, младитре и спортот. Вклучени се 60 претставници од 7 партнерски училишта од Арнсберг Германија, Тарсус Турција, Кочериново Бугарија гимназија Метковиќ од Хрватска, Лисабон Португалија, тулчеа Романија,Каровили Италија и Бургос Шпанија.

Целта на проектот е да се проучува една заедничка нишка од минатото на сите партенрски земји, конкретно римската империја, информира  проф. Гордана Јордева проект координатор.

Домаќините од гимназијата Таки Даскало Битола организираше  работилници за квиз натпревар по историја, работилница за креирање  на римска облека како и натпревар за најдобра иновативна  нослива технологија. Исто така беше организирана и екскурзија со посеат на повеќе антички локалитети во Македонија.

 

Сподели