ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е да се скандализира градбата на црквата „Св. Елена и Константин“, а се молчи за поткупот на Заев од 200 илјади евра

„Срамно е да се скандализира изградбата на црквата „Св. Елена и Константин“ и со манипулации да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а да се молчи за видео снимка на која се гледа како Зоран Заев бара поткуп за себе од 200.000 евра, криејќи се зад наводна изградба на црква во Струмица за што постои и видео запис.
Самиот прилог на Нова ТВ во кој наводно се открива некаков измислен скандал со градбата на црквата „Св. Елена и Константин“ е одличен пример на замајување на јавноста како да не се збори и да не се мисли на:
• Промена на името и новото име на државата за чие изнаоѓање самиот премиер се пофали дека работи.
• Како да не се збори за неуставниот закон за двојазичност кој упорно се турка во Собранието од страна на пратениците на СДС подржани од останатото парламентарно мнозинство.
• Како да не се говори за договорот за Бугарија и менувањето на историјата на дневна основа, почнувајќи од антидржавните изјави на членот на Советот на култура на СДС, Мирослав Грчев дека македонска нација не постои, и е измислена, па се до говорите на Петре Шилегов и поделбите кои ги прави на фашисти и антифашисти во исто време кога се плаши да одговори против кого војувале македонските партизани на 13-ти ноември при ослободувањето на Скопје.
• Да не се говори за покачената акциза за нафта со кое на секое семејство ќе му се одземе по една просечна плата годишно.
• Да не се зборува за најавите за покачување на персоналниот данок, данокот на добивка, како и планираното задолжување од речиси една милијарда евра за наредната година.
• Одличен начин да не се зборува за фактот што владата не донесе ниту една единствена странска инвестиција, како и дека нема ништо од ветувањето за просечна плата од 500 евра, зголемени пензии кои во реалноста се намалуваат, како и плата од 1.500 евра за докторите кои во реалноста нема да ги остварат ниту сега ниту за 4 години.
• Како да не се говори за дуплираните патни трошоци за пратениците во ситуација кога се вели дека нема пари во буџетот.
• Како да не се зборува за договорот во 4 очи со кој доби одобрение за градба на „Тополка“ вицепремиерот Анѓушев, и фактот што „Колска“,„Фени“ и „Еурокопмозит“ наспроти ветувањата за развој се во уште поголеми проблеми и пред целосен банкрот.
• За тоа како медиумите се притиснати со разнишана независност, а газдите уценети преку СЈО, наспроти лицемерието и басните за некаква самостојност која владата ја продава секој ден.
• За скандалот во кој Горјан Тозија стопира македонски филм со патриотска содржина и има сведоштва за барање на мито со цел истиот да се заврши.
• За тоа дека наместо живот, единствено што дојде е криминал, рекет и убиства по улиците. Убиците стануваат херои, а криминалците ѕвезди со што се потврдува фактот дека тие што со криминал дојдоа на власт, со криминал и ќе владеат.
Сето ова паѓа во втор план, а најважен е обидот лажно, со неосновани напади да се конструира слика за некаков криминал кој не постои. И тактиката е колку повеќе се говори за измислен криминал, толку повеќе да се заборави на се ова што претходно го наведовме.
Членовите и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ партиципираа во донаторските акции за изградба на црквата „Св. Елена и Константин“, со свои доброволни донации и прилози во зависност на сопствената волја и проценка. И тоа не е нешто од што се срамат ниту го кријат. Се друго е малициозен обид за девлавирање на изградбата на црква.
И на крај отворено ги прашуваме соросовите гласила кои работат по нарачка на СДС, зошто толку многу им пречи изградбата на црква во централното градско подрачје на Скопје и дали тоа не е уште удар врз македонскиот национален идентитет во чиј составен развој е православната црква, и дали не е уште еден обид за идентитетско обезличување на македонскиот народ?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Powered by WPeMatico

Сподели