Вкусни пржени компирчиња на 4 нови начини

Ретко кој не сака пржени компирчиња во комбинација со некоја друга вкусна храна.

vkusni-przheni-kompirchinja-na-4-neobichni-nachini-01.jpg

Но, изборот на таа храна најчесто се сведува на еден ист – хамбургер, пилешки прсти или некое друго месо.

Ретко кој се обидува да експериментира со помфритот и да направи уникатно и превкусно јадење.

Затоа сме ние тука, а вие искористете го слободното време викендов и направете нешто поразлично за вашите блиски.

За сите 4 рецепти ви се потребни пржени компирчиња, па погледнете го видеото и одберете кои состојки најмногу сакате да ги искомбинирате:

Прва варијанта – потребни состојки:

  • 2 шолји рендано моцарела сирење
  • 1 шолја доматен сос
  • 1 лажица оригано
  • 12 парчиња кулен
  • ½ шолја мали парчиња кулен

Втора варијанта – потребни состојки:

  • 2 шолји сечкани пиперки
  • 1 шолја сечкан кромид
  • 2 шолји кашкавал
  • 1 големо парче пилешки гради, сечкано
  • 2 лажици маслиново масло
  • Зачин по избор

Трета варијанта – потребни состојки:

  • 2 плескавици
  • 1 шолја рендано моцарела сирење
  • 2 шолји рендан кашкавал
  • Сол и бибер
  • Сланина, кечап и сенф за одозгора
  • 40g путер
  • 40g брашно
  • 500ml млеко

Четврта варијанта – потребни состојки:

  • 1 шоја крем сирење
  • ¾ шолја чили сос
  • ¼ шолја солена павлака за готвење
  • 1 големо парче пилешки гради, сечкано
  • Сол за вкус
  • Сечкани лути пиперкиѓ

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели