ВИДЕО: Тоше ја препеал и „Штом сакаш“ од Каролина Гочева, еве како звучи

По повод десет годишнината од загинувањето на македонската легенда Тоше Проески денеска на една од српските радио станици премиерно беше пуштена маестралната изведба на евергринот „Штом сакаш“ на Каролина Гочева.

Песната е препеана на српски јазик и е уште една изведба која со голема радост е пречекана од верните фанови на Тоше. На 5 октомври беше промовирана и песната „Light the flame“ која била дел од материјалот со кој Тоше требаше да ја освојува светската сцена, а кон крајот на ноември и почетокот на декември се очекува и издавањето на нов албум со песни на англиски јазик.

Сподели