ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЛУЃЕТО ВО 1967 ЈА ЗАМИСЛУВАЛЕ 1999 ГОДИНА

Компанијата Philco-Ford во краток филм од 1967 година се обидела да предвиди како ќе изгледа иднината, односно како ќе живеат луѓето 1999 година.

Освен што атмосферата на филмот е од 60-тите, всушност погодиле многу работи. Во таа нивна визија за иднината ги гледаме претходниците на персоналните компјутери, електронската пошта, FaceTime, онлајн шопинг, па дури и 3Д прикази.

Но, иако некои работи погодиле, 1999 година сепак не изгледала во целост како што ја замислувале. Компјутерската технологија не била толку аналогна, а социјалните аспекти биле многу попрогресивни од замислените.

Погледнете го видеото:

sky.mk
Сподели