Ви Битола ќе се отвора прифатилиште  за бездомници

 

За прв пат Битола ќе отвора прифатен пункт за бездомници.  Станува збор за проект што ОО Црвен крст Битола го реализира заедно со Министерството за труд и социјална политика. Пунктот се наоѓа во дворот на магацинскиот простор на Црвениот крст Битола на улица Шералти и се прават последните подготовки за да ги прими првите бездомници.

 

Првиот пункт за прифаќање на бездимни лица во Битола се очекува да почне со работа за неколку дена, информираат од ОО на Црвениот крст во Битола. По примерот на  Скопје за прв пат и во Битола ќе почне да функционира едно прифатилиште кое за време на ниските температури  ќе може да ги згрижи лицата што немаат свој дом и немаат друго место каде би можеле да се обратат и да бидат згрижени. Станува збор за проект што ОО на Црвениот крст Битола  го реализира со Министерството за труд и социјална политика . Министерството  ги обезбеди  двата контењери  што се  стационирани во дворот на магацинскиот простор на ОО ЦК Битола на ул. Шералти.  Кревети, јоргани, ќебиња, перници и се она што му е  најнеопходно на бездомните  лица,  го обезбеди  ОО Црвен крст Битола информираше за ТВ Орбис Лилјана Ристевска претседател на оваа организација.

 

Прифатилиштето ќе работи во периодот додека траат ниските температури. За сега капацитетот на прифатилиштето е ограничен на 8 лица. За разлика од Скопје каде  се регистрирани повеќе бездомници во Битола не се знае  колку ги  има. Освен во Битола  вакви прифатилишта ќе се отворат и во Струга и Струмица.

Сподели