Уште една жртва на патот Битола-Прилеп

Едно лице загина, а 4 се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во 17,20 часот попладнево на патот Битола-Прилеп, потврдија од битолската полиција за Апла.мк

Сообраќајната незгода се случила кај месноста Петти леб при судир помеѓу две патнички возила, при што на лице место загина едно лице, а останатите четврица патници, со возила на итната медицинска помош се пренесени во битолската болница.

Ова се првичните информации за уште една тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп

Во тек е увид на местото на настанот, а од СВР Битола информираат дека од 17,45 сообраќајот на овој патен правец, од Тополчани е пренасочен по стариот пат.

Извор: Апла.мк

Сподели