Туристите од Швајцарија евакуирани, пругата затрупана

Евакуацијата на околу 13.000 туристи кои останаа отсечени два дена во завејаниот ски центар во Зермат, Швајцарија продолжи и во текот на денешниот ден со хеликоптери.

Леталата беа единствена можност за евакуација откако беше затворен патот поради снежното невреме, а затрупана беше и железничката пруга што води до туристичкиот центар.

Полициски службеник во Зермат соопштил дека вчера биле префрлени меѓу 300 и 400 луѓе и дека евакуацијата продолжува.

Локалните службеници истакнуваат дека никој од туристите не е во опасност и дека ситуацијата е мирна. Се наведува дека многу улици се веќе исчистени, а кафулињата се отворени.

Скијањето и планинарењето во таа област е забрането.

Сподели