Трибина за босанскиот јазик во Институтот „Крсте Мисирков“

Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ кои почнаа вчера, денеска од 10 часот продолжуваат со трибина „Јазиците на Балканот: босански јазик – состојби и перспективи“.
Како што соопштија од Институтот, трибината е прва од тие што ќе ги организираат во иднина. Идејата е секоја година во рамки на отворените денови да се организира трибина за јазикот на некоја од етничките заедници кои се застапени во Уставот на Република Македонија.
На трибината за босанскиот јазик ќе учествуваат осум професори од Институтот за јазици на Универзитетот во Сараево и директорот на таа научна установа, Ален Калајџија.

Powered by WPeMatico

Сподели