ТОЈОТА ГИ ПУШТА КАМИОНИТЕ КОИ ИСПУШТААТ ВОДЕНА ПАРЕА

Имаат 670 коњски сили, носат товар од 30 тони а кон атмосферата се добронамерни како чајник. Први на улица ќе можат да ги забележат жителите на Лос Анџелес.

Јапонскиот производител е сериозно решен да ја усоврши хидрогенската технологија за своите возила па следната недела во Лос Анџелес ќе ги пушти своите камиони со нула штетни емисии од чии ауспуси излегува само водена пареа.

„Ако видите огромни камиони кои се брзи и тивки, не се вознемирувајте. Тоа само ја гледате иднината“, им порача Тојота на жителите на ЛА, градот во кој следната недела ќе бидат пуштени новите камиони на реални тестирања околу доковите и терминалите во градот.

Овие возила се наменети за сериозни транспортни задачи со огромни товари. Во досегашните тестови веќе минале над 6.000 километри носејќи товар и до 30 тона. Сето тоа додека мрцините со по 670 коњски сили во атмосферата испуштаат единствено водена пареа.

Хидрогенската технологија постои веќе извесно време но со лимитирана комерцијална употреба бидејќи изработката на овие возила е поскапа од електричните верзии. Но, веќе се во игра поевтини материјали за изработка а лидер на пазарот е самата Тојота иако со истата технологија сериозно се занимаваат и Хонда и Мерцедес.

Технологијата функционира отприлика вака:

 

Извор – https://off.net.mk/

Сподели