Свечена академија по повод патрониот празник на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола

Споменувајќи го името на Климент Охридски, големиот светител и просветител на македонскиот народ и на народите од поширокиот регион, си споменуваме за долгите образовни традиции што ги има Македонија. Но, битолскиот универзитет кој го носи неговото име ќе ја почитува, ама нема да и робува на традицијата, тука сака да се фати во костец со предизвиците што ги носи новото време, порача ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, Сашо Коруновски на Свечената академија по повод патрониот празник на институцијата.

Меѓународната соработка е еден од адутите на битолскиот универзитет за зголемување на видливоста и на препознатливоста на институцијата. Во моментов, универзитетот учествува во девет нови меѓународни проекти – шест од програмата за прекугранична соработка со Република Грција и три од Балкан мед програмата во која соработуваат универзитети од пет земји од регионот.

Во моментов, на битолскиот универзитет работат 364 професори, а студираат околу 8.000 активни студенти, на сите три циклуси. Најдобро дипломираните во академската 2016/2017 година, денес беа наградени.

На Свечената академија универзитетот ги додели и наградите на учесници на Конкурсот за истражувачки труд и есеј, а во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа промовирани и нови 11 доктори на наука.

Сподели