Соработка меѓу клиниките од Битола, Лерин и Корча

Директорите на Клиничките болници од Битола, Лерин и Корча, денеска потпишаа договор за соработка во областа на хирургијата. Проектот  е поддржан од фондовите на Европската Унија, а ќе се реализира со помош на врвни едукатори  од државите членки на ЕУ.

Денеска во  битолската клиничка болница Битола  беше потпишан меморандум за соработка меѓу трите клиники од Битола, Корча и Лерин. Оваа соработка ќе доведе  до реализација на проект со чија помош ќе се унапредат хируршките технологии во клиниките од овие градови. Проектот ќе се реализира со  финансиска  поддршка  од ЕУ фондовите . во него ќе бидат вклучени  стручни едукатори  од држави членки во ЕУ.  Со тоа ќе се помогне во развојот на хирургијата во клиниките. Во секоја клиника ќе бидат спроведени по три нови хриуршки технологии кои потоа ќе бидат разменети со останатите клиники  потписнички на договорот- истакна Жаклина Сервини, заменик директор во Клиничка болница-Битола.

Очекувам голема соработка меѓу трите клинички болници од регионот и тоа ќе биде посебно од корист за нашите пациенти, за нашите колеги и други корисници на нашите услуги и медицински технологии, истакна Агрон Гуро, директор на Клиничката болница во Корча, Албанија

Реализацијата на проектот најмногу ќе им користи на пациентите и ќе нема да има потреба да патуваат за да се лекуваат во други градови туку само во Битола, Лерин или Корча – рече Џорџ Константидис, претставник на клиничката болница во Лерин, Грција.

Проектот би се спроведувал 24 месеци. Освен нови технологии од авскуларната хирургија ,во битолската  клиника ќе се  се спроведува и лапароскопска операција на дебело црево.

Ова е само почеток на развојот на хирургијата во овие клиники, а размената на искуства меѓу  трите  клиники само ќе им бидат од корист на пациентите.

 

 

 

 

Сподели