„Систина Офталмологија“ и во Битола

„Систина Офталмологија“, како дел од својата развојна стратегија, со цел да биде поблизу до пациентите отвори центар во Битола. Во овој центар освен за пациенти од Битола  ,  се приближува и до граѓаните наРесен, Прилеп, и околните градови.

 

„Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап.

Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надградивме и зголемивме обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики.

Последователно, како дел од нашата развојна стратегија, отворивме дијагностички центар и во Битола така што овозможивме нашите услуги да бидат достапни и за граѓаните на Битола, Прилеп, Ресен и околните градови. Довербата на пациентите во нашата клиника, кои се од овие подрачја е всушност причината поради која ние сме тука.“- вели д-р Александра Гочева Јерчиќ, спец. офталмолог од „Систина Офталмологија“.

Довербата на многубројните пациенти во нашата клиника кои што се од овие подрачја се главната причина поради која што ние сега сме во Битола , додава д-р Александра Гочева Јерчиќ,

 

На 04.11.2017, „Систина Офталмологија“ го организираше регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија на кој беа презентирани новите техники, од 2017 година, кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ во третманот на катаракта, аблација на ретина, корекција на диоптрија, кератоконус и страбизам. Воедно, беше дискутирана и потребата од меѓусебна соработка на докторите од различни области, за да се овозможи интегрален пристап при решавање на очните состојби и целокупната грижа на здравјето на пациентите во Македонија.

 

„Систина Офталмологија“ доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во нашата земја.

 

Сподели